Србија го одбра списокот на песни и пејачи кои ќе се натпреваруваат на следната Евровизија во Торино. На списокот има 36 песни и учесници.
Новиот претставник и песна за Евровизија ќе ги избере низ две полуфиналиња кои ќе се одржат на 3 и 4 март и финалето на 5 март. Претходно на изборот биле пријавени 150 изведувачи.
View this post on Instagram
Меѓу 36-те избрани има голем број познати имиња. Едно од нив е и фолк пејачот Аца Лукас, кој ќе настапи со песната „Оскар“. Ќе се натпреварува и младата хрватска пејачка Анџелина со песната „Оригами“, а на списокот и е Гоца Тржан.
View this post on Instagram
Таа ќе настапи со песната „Фитиљ“. Сара Јо која неодамна излезе со дует со Франко Бателиќ е на списокот натпреварувачи. Таа ќе се натпреварува со песната „Мушкарчина“ (Забрането овошје), која ја напиша популарниот текстописец Коби.
View this post on Instagram
За потсетување, Србија минатата година на Евросонг ја претставуваше групата „Уриганки“, со песната „Локо Локо“. Девојките предизвикаа големо внимание во изборот во финалето, кое на крајот го завршија на 15 место.