Од стриминг платформата „Нетфликс“ потврдија дека планираат да снимаат нова сезона од популарната серија „Сквид гејм“. Режисерот Хванг Донг Хјунг беше првиот кој најави дека ќе има уште една сезона, но дури сега од „Нетфликс“ коментираа дека сакаат ново продолжение.
Еден од извршните директори на „Нетфликс“, Тед Сарандос, ги потврди наводите и во четвртокот ја извести јавноста дека ќе се продолжи да се снима јужнокорејската серија.
„Универзумот на ‘Сквид гејм’ штотуку почна“, рече Сарандос, навестувајќи дека серијата би можела да продолжи и по втората сезона.
Со бруталната приказна за луѓето кои меѓусебно се убиваат и се натпреваруваат за пари, кои често се чита како метафора за општествената нееднаквост „Сквид гејм“ стана еден од најголемите хитови на „Нетфликс“.
Серијата ја гледале 142 милиони семејства во само првите четири недели од нејзиното прикажување во втората половина на 2021 година. Серијата ги надмина другите хитови на „Нетфликс“ како „Бридертон“ и „Странски работи“.
Хванг рече дека втората сезона е во фаза на планирање и дека е прерано да се открие датумот на нејзиното прикажување.
Во деветте епизоди, гледачите ја следат приказната за околу 500 луѓе кои ќе заглават во долгови. Ќе се натпреваруваат еден против друг во детски игири за да ја освојат главната милионска награда. Кој ќе изгуби умира.