Елтон Џон, поради коронавирус, ги откажа концертите во САД

Поради коронавирус, Елтон Џон мораше да ги откаже концертите во Далас, САД. Британскиот пејач претходно се вакцинира со две дози против короната, а прими и бустер. Тој во моментот има благи симптоми, велат од неговиот тим.

„Со голема тага сакаме да ве известиме дека концертите во рамките на турнејата Farewell Yellow Brick Road во Далас, кои требаше да се одржат на 25 и 26 јануари, ќе бидат откажани затоа што Елтон неодамна доби потизивен тест на корона“, рекоа од неговиот тим.

Тие објаснија дека оние што ги купиле билетите ќе може да ги задржат и да ги искористат за концертите чии датуми дополнително ќе бидат објавени. Последната турнеја на Џон требаше да почне уште минатото лето, но поради ширењето на пандемијата, организаторите ги променија датумите.

И самиот пејач се јави и рече дека, за среќа, е вакциниран и дека симптомите му се благи.

 

Scroll to Top