Последно збогум за маестро Александар Џамбазов и комеморација во МОБ: погребот ќе биде во кругот на семејството

Актерот Игор Џамбазов објави дека утре е испраќањето на татко му, маестро Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари.

„Драги пријатели, утре ќе го испратиме во вечноста татко ми Александар, вашиот омилен маестро, чичко Ацо Џамбаз. Комеморацијата ќе биде во МОБ во 10 часот, а погребот во 12 часот. Семејството Џамбазови ви благодари за подршката и на убавите зборови. Ве известуваме дека погребот ќе биде од затворен тип поради ковид-протоколите. Сите што ќе сакате да му кажете последно збогум, тоа ќе можете да го направите од сабота, па натаму. Ве молиме за разбирање“, напиша Игор, кој објави и портрет од својот татко, кој го направи уметникот Зоран Кардула.

Фото: „Инстаграм“

Scroll to Top