Вработен во еден супермаркет АЛДИ во САД го затворил местото порано, несвесен дека еден од муштериите сè уште е внатре. Човекот кој останал се шокирал кога сфатил што го снашло, па морал да ја бара полицијата за да излезе.
Видеото тој го споделил на „Тик-ток“. На крајот испаднало дека покрај него, во маркетот со него бил заклучен уште еден муштерија. Човекот кој бил затворен рече дека маркетот требало да затвори во 21 часот и дека последниот вработен затворил 15 минути порано без никаква најава.
„За време на пандемијата ALDI е затвори порано, а благајниот заборави да се погрижи за муштериите да ги испрати до влезот“, напишал тој на видеото додавајќи хаштаг #YouHadOneJob.
Тој рече дека бил принуден да ја повика полицијата на помош, а додека ги чекал се послужил со шест пива и вино.
„Не морам да се грижам дека ќе умрам од глад, затоа што има доста храна тука. А има и алкохол. Сè уште чекам да ме пуштат надвор. Сега ќе преминам на вино затоа што се чувствувам како газда“, рече тој.
На полицијата им требале 30 минути за да дојдат со менаџерот и да им ја отворат вратата. Видеото за брзо време стана вирално и досега е видено повеќе од 4,5 милиони пати, а има илјадници коментари.
„Забава во ALDI. Колку сакаш да изедеш и испиеш алкохол. Има и ќебиња, би можел да кампувам таму и би го изненадил продавачот следниот ден“, биле само некои од коментарите.
@khaosblackmetal During the pandemic, Aldi closed early and the cashier neglected to make sure no customers were left in the store. #youhadonejob #911 #trendingnow ♬ original sound – Khaos Blackmetal