Ешли Барти е првата австралиска тенисерка што го освои Австралија опен по 44 години

Австралиската тенисерка, Ешли Барти, без загубен сет ја освои титулата на женскиот турнир на Австралија опен откако во финалето ја победи Американката Даниела Колинс со 6-3, 7-6. Со тоа Барти стана првата Австралијанка што го освоила Австралија опен по 44 години.

Ова е трета Гренд-слем титула за прворангираната светска тенисерка. Таа пред триумфот на Австралија опен, освои уште две Гренд-слем титули во кариерата, лани на Вимблдон во Лондон и во 2019 година на Ролан Гарос во Париз.

Утре во машкото финале на турнирот ќе играат Данил Медведев и Рафаел Надал, кој ќе се бори за неговата 21. Гренд слем титула во кариерата.

Scroll to Top