Водителот, комичар, глумец и рапер Ник Канон го чека осмото дете со неговата нова девојка Бри Тиеси. Двајцата неодамна направија забава во Малибу која ја нарекоа „дарување дете“. Таму им ја соопштија убавата вест на гостите.
Ник во декември минатата година го изгуби својот син Зен кој почина од тумор на мозокот. Зен имаше само пет месеци, а на прегледите лекарите утврдиле дека станува збор за малиген тумор.
„Туморот почна да расте многу брзо. Тогаш свативме дека се ближи крајот“, рече Ник, по смртта на Зен во декември. За потсетување, тој со поранешната сопруга и пејачка Мараја Кери ги има близнаците Монро и Морокан. Покрај нив, тој е татко на уште 4 деца.