Овен
Овој ден ви носи голема ангажираност, но и доста личности со кои ќе остварите интересни контакти. Можност за важна средба. Не успевате да договорите средба со личност која ви е привлечна, се останува само на комуникација и допишување.
Бик
Овој ден ви носи голема ангажираност и добра енергија која навистина ќе ви биде потребна. Имате многу обврски па повремено ќе се чувствувате како ви лета времето. Организирајте се подобро. Останатиот дел од денот искористете го за одмор и релаксација со партнерот.
Близнаци
Имате чувство дека доцните, што и да правите. Колку и да се трудите, никако не успевате да ги исполните планираните обврски. Можно е, поради голем број обврски, да мора да преместите состанок со саканата личност или да ѝ посветите помалку време.
Рак
Имате многу малку време да ги завршите некои од вашите обврски, ќе брзате и ќе ви пречи мешањето на околината. На љубовен план чувствувате силна страст, па можна е авантура или некој флерт. Во долгите врски ситуацијата е иста.
Лав
Она што го започнавте сакате што побрзо да го завршите, но во моментов не можете да се пофалите со некој голем работен елан. Не можете да ја сокриете својата заинтересираност кон една личност, колку и да се трудите.
Девица
Иако ќе откриете дека не можете да одговарате на некои ситуации во деловниот сегмент и дека работите полека се лизгаат од вашата рака, во последен момент добивате вистинска помош од другите. Одморете попладне, опуштете се малку, па ќе можете да функционирате подобро со вашиот партнер во текот на вечерта.
Вага
Вие сте многу нервозни бидејќи некои од договорите не успеаја, или не успавте да ја добиете вистинската комуникација со соработникот што ви беше важна. Немојте да бидете импулсивни и да ги бркате другите, тоа нема да даде резултати.
Скорпија
Очекувате поддршка од оние со кои работите и сте непријатно изненадени од повлекувањето на некои од вашите колеги од договорот кој сте го направиле порано. Емоционалниот партнер денес е изненаден од вашите неочекувани барања или премногу критичен за сè што правите.
Стрелец
Денес се наоѓате во голем расчекор со времето и тешко ви е да ги исполните сите обврски кои ви се наметнуваат. Цел ден ќе функционирате со нервоза. Саканата личност се однесува на начин кој за вас е неразбирлив и не се снаоѓате во новонастанатата ситуација.
Јарец
Задоволни сте со начинот на кој се одвиваат сите ситуации. Вие сте го направиле тоа што зависело од вас, сега останува само да ја чекате реализацијата. Саканата личност се обидува да ви објасни за некои свои постапки, но вие сте многу тврдоглави и критички настроени.
Водолија
Мала нервоза поради тоа што треба да чекате цел викенд за информации поврзани со некој проект или договор. И покрај се ќе успеете да фунционирате и да се вклопите со луѓето со кои работите. Ќе имате отежната комуникација со саканата личност.
Риби
Со голем елан и енергија им пристапувате на своите обврски и добро ви доаѓа тоа што другите забележуваат колку сте ангажирани. Повремено се брзате, особено во средината на денот, но воглавно се успавате да завршите на време. Други приоритети ве одвлекуваат од долга средба со саканата личност.