Италијанската филмска ѕвезда Моника Вити почина на 90 години, а веста за смртта ја објави нејзиниот сопруг Роберто Русо.
Моника Вити е родена како Марија Лујза Чечарели во Рим на 3 ноември 1931 година. Ја нарекуваа кралица на италијанската комедија. Вити беше муза на режисерот и сценарист Микеланџело Антониони, со кого ги сними и своите најпознати филмови „Авантура“, „Ноќ“, „Затемнување“, „Црвената пустина“, „Мистеријата на Обервалд“.
Таа сини и уште шеесетина други филмови. Заедно со Алберто Сорди станаа симболи на италијанската кинематографија во 1960-тите. Својата кариера во глумата ја заврши 1992 година.