Бразилскиот фудбалер Роналдо, еден од најдобрите на сите времиња, во подкастот на Бобо Виери, раскажа за почетоците во дресот на националниот тим.
Роналдо на 18 години играше во тимот на Бразил кој стана светски шампион, но во 1994 година не одигра ниту една секунда на Мундијалот во САД. Тој во САД им беше резерва на Бебето и Ромарио.
„Тие двајца ми беа инспирација, но Ромарио беше вистински кучкин син. Нас помладите нè тераше да му ги чистиме копачките или да му носиме кафе“, вели еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот.
Две години подоцна Роналдо беше најдобар напаѓач во светот и закана за Ромарио.
„Се подготвувавме за натпревар на Копа Америка. Пред еден тренинг Ромарио ми кажа да се подготвам да излеземе од хотелот. Рече, подготвил скала за да го прескокнеме ѕидот од хотелот и дека ќе нè чека такси. Во хотелот се вративме во пет сабајле, наредниот ден бев толку уморен што не тренирав добро. Тогаш ми стана јасно дека Ромарио намерно го направи тоа за да влезе на моето место во тимот“, се сетил Роналдо, кој одамна не игра фудбал.
Роналдо во 1997 и 2002 година беше прогласен за најдобар играч во светот.
На мундијалот во Јапонија и Кореја, во 2006 година, како најдобар стрелец го одведе Бразил до уште една титулата.