Во Русија се појави скандалозна реклама во која неколку манекенки во секси долна облека промовираат ковчези. Тие биле ангажирани од руското погребално претпријатие „Хороним“, која сакала на овој начин да ја зголеми продажбата.
Но, наместо на позитивни коментари, голем број од луѓето ги нападнале коментирајќи дека рекламата била невкусна и навредувачка. Некои ги обвинија и за бласфемија.
„Огласувањето на погребни услуги достигна ново ниво“, пишува на рекламата на „Твитер“. Засега не е познато дали институциите ќе преземат било какви правни мерки против луѓето во погребалното претпријатие.