Пејачката Андреа Коевска со песната Circles ќе ја претставува Македониј на Евровизија. Таа победи благодарение на гласовите од жирито, затоа што со Виктор Апостоловски имаа по 20 поени, но според правилата на МРТ во случај на изнедначено, победник е оној кој има добиено повеќе поени од жирито. Во меѓународното жири гласаа Израел, Грузија, Исланд, Малта и Ерменија.
„Пред сè, благодарам Македонија! Ветувам дека ќе направам сè да ги оправдам вашите очекувања. Честитки за сите учесници во национланиот избор, бевте тешка конкуренција. Оваа шанса за мене е одговорност, како професионална, така и лична. Поддршката од страна на публиката и медиумите ми даде голем поттик овие две недели. Масевски, благодарам за Circles. Останува да продолжиме со полна пареа со подготовките за Евровизија и достојно да ја претставиме Македонија во Торино“, рече Андреа.
Песната Circle e на продуцентот и композитор Александар Масевски. За потсетување, годинашната Евровизија ќе се одржи во Италија во Торино.
За потсетување, годинава Евровизија ќе се одржи во Италија во градот Торино, а Македонија ќе настапи на втората полуфинална вечер на 12 мај.