Јужнокорејски одбојкар пронајден мртов во својот дом, откако со години се соочувал со лоши коментари за неговиот изглед

Ким Ин Хјук, одбојкар на јужнокорејскиот клуб Самсунг Фајр и повремен претставник на таа земја, почина на 27-годишна возраст. Претставник на клубот вчера изјави дека Ким Ин-Хук бил пронајден мртов во неговата куќа. Истрагата околу неговата смрт е во тек.

Спортистот беше роден во 1995 година. Во 2017 година Кореа Електрик Пауер корпорацијата го избра за трет пик во вториот круг на драфтот, а во ноември 2020 година дојде во Самсунг Фајр (анг. Samsung Fire).

Исто така, познато е дека Ким Ин Хјук добивал лоши коментари за својот изглед во текот на својата професионална кариера. Лани во август, тој се се огласи на својот Инстаграм профил, повикувајќи се на злобните коментатори.

„За сите овие недоразбирања што ги игнорирав изминативе 10 години. Мислев дека најдобро ќе биде ако ги игнорирам, но сега сум уморен. Никој од вас никогаш не ме видел одблизу. Не знаете ништо за мене, а сепак постојано ме малтретирате со своите злонамерни коментари. Ве молам престанете, навистина ми е доста од нив. Не се шминкам, никогаш не сум се шминкал, не сакам мажи, имам девојка. Никогаш во животот не сум делувал во ниту една АВ содржина. Не ставам маскара или шминка за очи. Ставам тонер и лосион, но ако тоа е шминка, тогаш секако, се шминкам“, напиша тој.

Според Ким Ин Хјук, тој добивал злонамерни пораки од анонимни корисници на социјалната мрежа во текот на својата кариера, особено кога требало да игра. 

Scroll to Top