Роберт, синот на покојниот ловец на крокодили Стив Ирвин, беше нападнат од крокодил додека снимал емисија во Австраликата зоолошка градина. Роберт, кој е познат во зоолошката градина во Квинсленд, вели дека го тестирал крокодилот Каспер во неговиот нов заграден простор.
Тие го снимале за емисијата Crikey, а крокодилот го нападнал кога Роберт му фрлал храна. Славниот истражувач вели дека за влакно успеал да се спаси.
За потсетување, Стив Ирвин почина во 2006 година на 44-годишна возраст откако беше прободен во белите дробови од риба ража. Тоа се случи за време на снимањето на документарецот „Најопасните животни во океанот“.
View this post on Instagram