Александар Белов си го прослави роденденот со ќерката Мина: Таа ми е најубавиот подарок во животот

Пејачот Александар Белов наполни 35 години, а роденденот го прослави дома со сопругата Јелена и ќерката Мина, која се роди пред три недели. За роденденот, тој објави и прва фотографија од бебето.

„А можам ли да посакам нешто повеќе од ова? Јас својот најубав подарок во животот веќе го добив“, рече Александар.

Тој стана татко во јануари. Тогаш за „Репортер“ изјави дека веста за раѓањето на ќерката ја дознал на настап во ресторан. Па кога сопругата му јавила дека се породила, застанал среде песна и збунето им кажал на гостите: Луѓе, станав татко. Белов е во брак со Јелена од 2019 година, а претходно осум години беа во врска.

Александар Белов стана татко: Среде настап дознав дека ми се роди ќерката

Scroll to Top