Археолозите во јужна Италија откриле урнатини од храм стар 2.500 години и артефакти од голема поморска битка, кои биле чувани на тоа место. Храмот бил посветен на Атина, божицата на мудроста, а се наоѓа во археолошкиот парк Паестум, јужно од градот Салерно.
Храмот бил долг 18 метри и широк 7 метри и дава увид во најстарата фаза на Паестум, некогашен голем грчки град основан од имигранти од Мала Азија, се вели во соопштението на италијанското Министерство за култура.
„Во внатрешноста на храмот се лоцирани мошти од поморската битка, за која се верува дека се случила помеѓу 540 и 535 години пр.н.е“, изјави Масимо Осана, генерален директор на италијанските музеи.
Меѓу пронајдените остатоци се и два шлема. Според Осана, лабораториското испитување треба да открие дали има скриени натписи кои би можеле да дадат информации за идентитетот на војниците што ги носеле. Истражувачите шпекулираат дека храмот бил изграден по поморска битка за која античкиот грчки историчар Херодот напиша дека се случила на источниот брег на медитеранскиот остров Корзика.
„Важно е да продолжиме со доверба да продолжиме да инвестираме во археолошки истражувања, кои никогаш не престануваат да враќаат важни делови од медитеранската историја“, рече Дарио Франческини, италијанскиот министер за култура.