(Фото) Софија Вергара непрепознатлива во новата улога на наркокралица

Актерката Софија Вергара доживеа вистинска трансформација за новата улога во серијата на „Нетфликс“, „Гриселда“. Таа целосно го промени имиџот за да изгледа како наркокралицата Гриселда Бланко. Фановите ѝ порачаа дека никогаш порано не изгледала толку лошо.

Вергара на снимањето носеше протетски нос, а шминкерите успеале да ја променат и нејзината брада и јаболчници. Продуцентот на серијата Ерик Њуман вели дека серијата го следи животот на злогласната Колумбијка Гриселда Бланко.

Бланко е Колумбијка која го создава еден од најуспешните наркокартели, а истовремено е позната и по тоа што е грижлива мајка. Сите шест епизоди од серијата ќе ги режира колумбискиот режисер Андрес Баиз, кој рече дека Вергара покажала исклучителен талент и го дала својот максимум.

Scroll to Top