Во 1932 година,Алфред Лант и Лин Фонтејн влегоа во историјата како првата двојка која беше номинирана за Оскар во истата година. Двајцата загубија, но сепак останаа забележани како еден од малкуте парови што биле номинирани за Оскар во иста година. Оваа година два брачни пара се номинирани за најпрестижната филмска награда: Пенелопе Круз и Хавиер Бардем и Кирстин Данст и Џеси Племонс.
1940: Вивиен Ли и Лоренс Оливие
Вивиен Ли доби Оскар за најдобра актерка за нејзината улога во улогата на Скарлет О’Хара во „Однесено од виорот“, додека нејзиниот свршеник Лоренс Оливие беше номиниран за најдобар актер во „Оркански височини“.
1967: Ричард Бартон и Елизабет Тејлор
Двајцата актери беа номинирани за улогите во филмот „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“. Бартон загуби, а Тејлор освои Оскар.
1968: Спенсер Траси и Кетрин Хепберн
Хепберн победи со улогата во филмот „Погоди кој доаѓа на вечера“. Траси, кој ѝ беше партнер од филмот, а со кого беше и 25 години во врска, почина десет месеци пред доделувањето на Оскарите, а наградата не ја доби постхумно.
1969: Пол Њуман и Џоан Вудворд
Брачната двојка беше номинирана за филмот „Рејчел, Рејчел“, во кој Џоан глумеше, а Пол беше продуцент.
1975: Џон Касаветес и Џина Роландс
Брачната двојка беше номинирана за филмот „Жена под влијание“, Џон за најдобар режисер, а Џина за најдобра актерка.
1982: Ворен Бити и Дајана Китон
Бити го освои Оскарот за најдобар режисер за филмот „Црвени“, а Китон беше номинирана за најдобра женска улога за истиот филм. Парот се раздели кратко по доделувањето на наградите.
1986: Џек Николсон и Анжелика Хјустон
Парот глумеше заедно во филмот „Честа на Прициеви“. Хјустон доби Оскар за споредна женска улога, а Николсон загуби.
1996: Сузан Сарандон и Тим Бартон
Сарандон го освои својот прв Оскар за улогата во филмот „Мртов човек оди“, а нејзиниот тогашен партнер, Робинсон, беше номиниран за најдобар режисер за истиот филм, но не ја доби наградата.
1997: Џоел Коен и Френсис Мекдорманд
Брачната двојка 1997 година освои два Оскари за филмот „Фарго“, Френсис за најдобра актерка, а Џоел за режија.
2006: Хит Леџер и Мишел Вилијамс
Ѕвездите на филмот „Планината Брокбек“ не освоија Оскар, иако Хит беше номниран за главна машка улога, а Мишел за споредна хенска. Двојката ја раскина врската неколку месеци пред неговата смрт.
2009: Бред Пит и Анџелина Џоли
Ни Пит ни Џоли не освоија Оскар таа година. Двајцата беа номинирани во категориите за најдобри актери, Бред за филмот „Чудниот случај на Бенџамин Батон“, а Анџелина за „Менување“.
2016: Мајкл Фасбендер и Алиша Викандер
Пред да се венчаат, Мајкл и Алиша беа номинирани за Оскар во истата година. Таа победи во нејзината категорија за филмот „Данска девојка“, а тој не освои награда за филмот за Стив Џобс.
2020: Грета Гервиг и Ноа Баумбах
Баумбах беше номиниран во категоријата најдобро оригинално сценарио за филмот „Брачна приказна“, а Гервиг доби номинација за најдобро адаптирано сценарио за филмот „Мали жени“.
2022: Пенелопе Круз и Хавиер Бардем
Брачниот пар доби номинации за Оскар за најдобар актер и катерка, Пенелопе за улогата во „Паралелни мајки“, а Бардем за „Рикардови“. Ова е четврта номинација за двете ѕвезди, кои претходно освоија оскари за „Вики Кристина Барселона“ и „Нема земја за старци“.
2022: Кирстин Данст и Џеси Плимонс
Кирстин и Џеси, кои се вечаа пред неколку години, се номинирани за споредна женска и споредна машка улога во филмот „Моќта на кучето“. Во овој вестерн тие глумат брачен пар. Ова е прва номинација за Оскар и за Данст и за Плимонс.