Американскиот јутјубер Џош Њуман загина во авионска несреќа

Американскиот јутјубер Џош Њуман загина во авионска несреќа. Тој беше еден од четворицата патници кои се наоѓаа во авионот кој паднал во езерото Тингвалават во близина на Рејкјавик.

Веста ја потврдија локалните власти за „Си-ен-ен“. Оттаму велат дека ги пронашле телата во езерото, но поради влошените временски услови биле спречени да ги извлечат. Ќе продолжат кога условите ќе се нормализират. 22-годишниот Њуман беше познат по неговите видеа за скејтбординг

Тој имаше над 1,2 милиони фанови, а едно од неговите видеа на кое тој скејта имаше 106 милиони прегледи на „Јутјуб“.

Во Исланд беше за да сними реклама за белгиската модна компанија Suspicious Antwerpen. Но на 3 февруари авионот со кој патуваше исчезнал, а три дена подоцна тамошната полиција ги најде телата телата во езерото.

„Со огромна така сакаме да ве известиме дека меѓу загинатите во авионската несреќа е Џоњ Њуман, еден од вработените во Suspicious Antewerpen. Со него беа уште двајца креатори на содржините и пилотот од Исланд. Вознемирени сме и со мислите и молитвите сме со нивните семејства и пријатели. Бевме во контакт со сите нив, како и властите и правиме сè што можеме за да им помогнеме во овие тешки времиња“, рекоа од белгискиот моден бренд Suspicious Antwerpen.

 

Scroll to Top