Овен
Понекогаш не е доволно да се има само добра идеја, бидејќи постојат различни околности кои го отежнуваат успешното спроведување. Немате доволно енергија за да работите паралелно. Се однесувате премногу театрално во и вашите зборови не звучат доволно убедливо пред личноста која ви се допаѓа. Променете го вашиот стил на однесување. Промените се магични, но навиката оди некогаш потеко од очекуваното. Овој пат ви советуваме да се препуштите на промените и да уживате во нив.
Бик
Ве импресионира кога знаете дека некој ве претставува како успешна или необична личност. Вашиот стил на изразување и деловните резултати делуваат како одличен поттик за околината. Чувствувате емотивна наклонетост и заедничка инспирација во средбата со саканата личност. Одлично се надополнувате на различни нивоа. Кога е здравјето во прашање, треба да внимавате малку на калорискиот внес. Брзата храна заменете ја со здрави домашно приготвени оброци
Близнаци
Се однесувате како личност која има ефективно решение за различни проблеми. Доволно сте вешти за да исполните различни критериуми за успешен бизнис. Мудро ја премолчувате вистината за детали кои не се по ваша волја. Нема потреба да ги потценувате можностите на вашиот партнер. Едноставно, дадете му шанса на вашиот партнер да ви ги покаже неговите вештини. Уживајте во учењето на нови нешта и разменувањето на нови идеи.
Рак
Непотребно се вклучувате во различни деловни ситуации. Немате доволно енергија да се занимавате со паралелни работи. Можеби е време и за промена на работното место. Нескромноста може да ве доведе во непријатна ситуација. Во љубовта сте премногу вознемирени. Не можете да ги остварите сите ваши намери во средбата со саканата личност. Ве очекува нов пресврт на настаните. Промените некогаш се добри, а некогаш може да и создадат нови главоболки. Време е да намалите со консумирањето на зачинета храна и голема количина на газирани или алкохолни пијалаци. Здравјето на прво место.
Лав
Имате впечаток дека некој ви ја ускратува можноста да изберете. Без оглед на вештината и менталните шпекулации што ги применувате, некој однапред и прецизно ги предвидува вашите деловни потези. Тактиката на надмудрување во врска со саканата личност не го носи посакуваниот епилог. Мора да направите чекор назад за да ја разоткриете ситуацијата.
Девица
Делувате многу промислено и донесувате разумни одлуки. Стилот што го применувате го толкувате на различни начини, но секој ви дава за право да бидете чекор поблиску до успехот. Се обидувате да освоите нечија емотивна наклонетост, но како да го правите тоа на погрешен начин или со големо претерување. Важно е правилно да ја разберете нечија порака. Ова е вистинско време да ги решите дилемите со кои долго време се мачите. Вистинскиот потег може да ви даде подобра иднина.
Вага
Ви претстојат различни обврски кои бараат заеднички договор за нова или подобра организација на деловните интереси. Добро измерете ги вашите лични можности и повнимателно избирајте ги соработниците. Важно е подобро да ги разберете нечии афинитети, особено кога имате различни верувања. Нема причина да се однесуваме премногу напорно и арогантно во општеството.
Скорпија
Можно е да пропуштите една деловна можност, но сега не вреди да жалите. Фокусирајте го вашето внимание на корисни цели. Нема потреба да се натпреварувате со соработниците. Бидете повнимателни од вообичаено во изразувањето на вашите емоции. Не дозволувајте некој да ве испровоцира на лошо однесување. Одложете ја примената на некои одлуки.
Стрелец
Се наоѓате во необична ситуација. Имате впечаток дека некој од соработниците ги тестира вашите способности или ве тестира професионално. Различни прашања засега остануваат неодговорени. Не дозволувајте сомнежот или емотивната стагнација да ве обземе. Поттикнете ги сите позитивни аспекти на вашата личност.
Јарец
Делувате ангажирано на различни страни, но ја набљудувате вашата околина со одредена доза на недоверба. Најдобро функционирате кога се потпирате на личното расудување. Ве иритира однесувањето или намерата на партнерот да ве доведе до вашиот избор. Некој кај вас буди желба за емоционална доминација и чувствувате дополнителна напнатост.
Водолија
Се однесувате напнато во ситуации кога соработниците имаат поедноставно решение. Ако побарате нечија помош, подгответе се за соодветно размислување. Не можете да останете рамнодушни на нечиј изглед и однесување. Вознемирени сте и потешко ги контролирате емоциите.
Риба
Оптоварени сте со различни обврски, но правите сè што е потребно за да се концентрирате на приоритетните цели. Новите настани обично ги доживувате како голем товар. Позицијата на Месечината влијае на вашата емоционална или ментална вознемиреност. Потешко е да ги разликувате вашите субјективни желби во однос на реалната слика. Сега не е време да се донесе важна одлука.