Модната недела во Њујорк, на која се презентираат колекции за есен 22/23 е во тек. Но бидејќи градот веќе неколку години наназад го нема истиот сјај од минатата декада, многу од големите имиња ги немаше на листата. Меѓу дизјанерите кои се одличија за самостојна ревија надвор од оваа модна манифестација е и Брендон Максвил, кој ја имаше една од неговите најличните ревии досега, пренесуваат странските медиуми.
Тој ја отвори својата ревија со гласот на Сири, која ја читаше неговата биографијата од Википедија, а потоа следеше краток филм со семејни фотографии и видео-клипови. Во текот на визуелната презентација, беше претставена и неговата баба, која боледува од Алцхајмер, бидејќи таа му ја всадила вљубовта кон дизајнот и облеката. Во нејзина чест тој го создаде цветниот фустан кој го носеше Карли Клос, инспириран од слика за која побарал дозвола од неговиот дедо со кого и излезе на крајот.
„Таа е голем дел од мојот живот. Кога бев дете, додека таа готвеше, јас седев во другаата соба и ги земав ќебињата кои ги обвиткував околу сестра ми, потоа ја празнев кутијата со накит на баба ми и ѝ правев на сестра ми чанта. Кога одлучивме дека ќе правиме ревија, јас одлучив да направам нешто на што би бил горд“, вели дизајнерот.
Тој претстави лежерни парчиња, кои сепак ја задржаа неговата препознатлива елеганција и чистина на изразот. Меѓу нив имаше поволуменозни кроеви, џинс, фустани со плисе.