Хороскоп за 16 февруари: Вагата не сака да се соочи со некој од минатото, Стрелецот да го смени однесувањето

Овен
Подгответе се за изненадувања кои се поврзани со странство и со плановите да отпатувате некаде. Доколку имате здравствени проблеми, посветете им посебно внимание. Станува збор за неконтролирани постапки кои се рефлектираат на здравјето.

Бик
Ова е одличен момент да почнете да заработувате. Многу вложувавте, па нормално е да ви се врати. Потрудете се да не се расправате со партнерот. Загрижени сте, а и самите не знаете зошто. Потрудете се да се смирите и да бидете потолерантни.

Близнаци
Поведете повеќе сметка за сопственото однесување, бидејќи може да станете жртва на скандали. Со партнерот се однесувате како со кристална ваза. Лошите околности може да ги ублажите со мудри потези ако сакате да постигнете внатрешен мир.

Рак
Голем дел од вас се чувствуваат лошо. Бидете смирени, овој пат на удар нема да биде вашето здравје, туку работата. Може да добиете нови понуди, но потрудете се добро да размислите. Партнерот ве поддржува во сe, почитувајте го тоа.

Лав
Загрижени сте поради проблемот со децата и саканото лице. Сето тоа се одразува на срцето, па може да имате проблеми со крвниот притисок. Смирете се и намалете ги активностите. Потрудете се оние што ги сакате да ве сакаат малку повеќе.

Девица
Случувањата во семејството бараат конфронтација. Наместо да се нервирате, преземете конкретни чекори. Потиснатите чувства доведуваат до психосоматски болести. Потрудете се помалку да се нервирате и тоа ќе ја изненади околината.

Вага
Во постојано движење сте од страв да не се соочите со лице од минатото. Премногу сте замислени, затоа внимавајте како се однесувате во сообраќајот. Во фаза сте на нов вид комуникација од која може да имате многу корист.

Скорпија
Вие сте во постојана потрага по вредности, но внимавајте да не згрешите. Не е се поврзано со пари. Постојат работи кои имаат поголемо значење, а кои во последно време ги занемаривте. Доколку сте во форма, задржете ја со правилна исхрана.

Стрелец
Не ви е лесно, но не можете ништо да смените. Очекувајте промена во вашето однесување. Совладајте го нерасположението и прифатете го фактот дека се неопходни промени ако сакате да напредувате. Здравјето е на удар, поведете сметка и за тоа.

Јарец
Денес ви одговара осаменоста, бидејќи во неа барате одговор на проблемите на ниво на личноста. Преиспитајте ги конкретните постапки, очигледно е дека негде грешите. Тешко ќе го прифатите сознанието дека не сте идеални, но никој не е совршен.

Водолија
Бидете помалку спонтани, а повеќе разумни ако сакате да ги спасите односите со партнерот и пријателите. Веќе почнаа да ги нервираат вашите несоодветни шеги. Потрудете се да ги контролирате несаканите реакции.

Риби
Во фаза сте на промена на статусот и решавањето на статусните проблеми. Работата многу ви значи, но морате да внимавате, бидејќи други проблеми ви го одземаат вниманието. Бидете трпеливи и спрема партнерот.

Scroll to Top