Еден од најголемите рокенрол бендови на сите времиња, „Дип парпл“, на 28 мај ќе има концерт на стадионот на АРМ во Скопје. Тие пред македонската публика ќе ги испеат своите легендарни песни Smoke on the water, Hush, Strange kind of woman, Highway star и уште многу други хитови што го одбележаа нивното 50-годишно постоење на сцената, но и песните од новиот албум Turning to crime.
„Критиката е едногласна дека како времето проаѓа, така овие музичари сè подобро и подобро свират во живо. Навистина е ретка можност во една сезона да ги видиме и ‘Дип парпл’ и ‘Вајтснејк’ во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата, заедно со концертот на ‘Пласибо’, во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период“, велат организаторите „Авалон продукција“.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в среда, на 23 февруари, и тоа 1.500 денари за партер и 2.000 денари за фан пит.