Шерон Стоун венчаше геј пар на плажа

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун венча геј пар на плажа и објави слика од церемонијата на Инстаграм. За венчавката Шерон избра бел фустан, додека младенците беа едниот во црн, а другиот во бел костум.

„Имам среќа: венчав двајца прекрасни луѓе денес“, напиша 63-годишната Шерон но не откри кои се  мажите што ги венчала.

Нејзините фанови беа воодушевени од постапката. Тие ѝ коментираа дека е супер кул и дека воопшто не се изненадени што прифатила да венча свои пријатели.

Сепак ова не е прв геј пар што Шерон го венча. Таа во 2015 година ги венча издавачот на „ВСЈ Магазин“, Ентони Сенаме, со модниот дизајнер Давид Виткевиц.

 

Scroll to Top