Претседателот на Украина, Волдомир Зеленски, преку ноќ ја доби поддршката на социјалните мрежи и стана еден од омилените политичари во светот. Неговите обожаватели одат дотаму што веќе размислуваат кој актер би можел да го глуми, ако се снима филм за војната во Украина. Повеќето фанови на Твитер велат дека идеален избор ќе биде Џереми Ренер, најпознат како Хокај од филмовите на Марвел и серијалот „Одмаздници“.
„Дали на сите им е очигледно дека Џереми Ренер е единствениот логичен избор кој може да го глуми Зеленски во биографските филмови? Сценаристите речиси сигурно веќе подготвуваат ваков филм“, напиша корисник на Твитер кој сподели слики од претседателот и актерот.
Volodímir Zelenski, presidente de Ucrania /// Jeremy Renner, actor pic.twitter.com/FRAjif303h
— Vincent Vega 🕺 (@VincentVega677) February 27, 2022
Освен што личат, двајцата се со приближно иста висина, длабоко поставени очи, кратка кафена коса и речиси идентична линија на вилицата.
Меѓутоа, забавата на Твитер престана за брзо време, оти луѓето почнаа да пишуваат дека Украина е среде вистинска војна.
„Украинците ги губат своите животи и ги уништуваат своите домови и бизниси, а ние навистина имаме луѓе кои твитаат ‘Џереми Ренер треба да го глуми Зеленски во филм за ова’, стои во коментарите“.
“Zelensky”, the new biopic starring Jeremy Renner pic.twitter.com/spRECW8waB
— NC Nats Cat (@NorthCaroliNats) February 26, 2022
„Тоа е најпатетичното и најневкусното нешто што можете да го замислите во моментов. Ова не е забавно. Луѓето умираат, раселени се од своите домови“, вели друг.
По ова, споредбите на Твитер стивнаа. Но, за потсетување, самиот Зеленски беше актер пред да стане претседател. Во јавноста се прераскажуваат сите негови улоги, учеството во Танц со ѕвездите, како и синхронизацијата на популарни цртани филмови.