Со пенисот свиреше пијано, па му го позајми гласот на мечето Падингтон: Володомир Зеленски пред да стане претседател

Претседателот на Украина Волдомир Зеленски последните недели е еден од двете најзборувани личности во светот. Овој нетипичен политичар шармираше многумина и обезбеди огромна вербална поддршка за својот народ од целиот свет. И покрај светската популарност што ја доживеа преку ноќ, тој не е анонимен политичар кој се појави преку ноќ и реши да ѝ пркоси на најголемата земја во светот.

Пред да влезе во политиката, Волдомир Зеленски беше едно од најпопуларните ТВ лица во Украина. Дипломирал на Економскиот факултет во Киев, а потоа се здобил и со титулата адвокат, но тоа му послужило дури подоцна во животот. Украинската јавност за него слушна првпат кога на 17 години се приклучи на локалната верзија на руското комично шоу КВН.

Набргу потоа, тој ја основа групата Квартал 95, која редовно настапуваше во Москва и во другите поранешни советски републики. Тие беа активни до 2005 година, кога Зеленски премина во украинската национална телевизија Интер, по што неговата кариера беше лансирана во орбитата. Првично, тој се појавуваше во помали хумористични емисии, но во 2006 година, цела Украина конечно слушна за младиот и згоден комичар, кога го освои првото место во украинското издание на „Танц со ѕвездите“.

Потоа сè беше полесно за украинскиот комичар. Глумеше во руско-украинскиот филм „Љубовта во големиот град“, каде доби една од главните улоги. Овој филм беше толку успешен, што потоа беа снимени уште две продолженија, во 2010 и 2014 година. Зеленски играше во уште неколку комедии, кои му обезбедија слава во татковината.

Сепак тој никогаш не сакал да молчи, па често влегувал во политички разговори со неистомисленици, дури и со украинските власти. Ситуацијата кулминираше во 2015 година, кога Украина им забрани на сите руски уметници да влезат во земјата, на што Зеленски јавно се спротивстави. Во 2018 година во Украина беше забранет филмот „Љубов во големиот град“ каде тој ја игра главната улога.

Малкумина знаат дека Зеленски му го позајми гласот на еден од омилените анимирани ликови за деца, мечето Падингтон.

Фрустрирани од стариот естаблишмент, во 2015 година Зеленски и Квартал 95 го започнаа хумористичното шоу „Слуга на народот“, а младиот комичар беше во главната улога. Потоа во јавноста се појави видео кај што го имитира претседателот на Украина и изразува незадоволство од актуелната власт. По видеото, шоуто стана инстант хит, а во 2018 година формираше истоимена партија која се приклучи на политичкиот живот на Украина.

Но најголем хит од тој период е видеото со наслов „Волдомир Зеленски пет минути со пенисот свири пијано“. Скечот на кој актуелниот украиски претсетател со спуштени пантолони глуми дека свири пијано и денес се споделува на социјалните мрежи со поделени реакции. Едни велат тоа е врвот во неговата кариера како комичар, а други мислат дека со ова видео го допре дното на глупоста.

Неговата претседателска кампања на почетокот беше чисто виртуелна, но прорежимските медиуми почнаа да го напаѓаат затоа што ги избегнуваше новинарите. Но, тоа што никој не го знаеше во тоа време е дека овие напади само му помогнаа на Зеленски. Тој на крајот даде интервјуа за истите тие медиуми што го напаѓаа. Иако се надеваа дека ќе делува како исплашен кловн, тоа што го добија во реалноста беше погубно за нивните финансиери, оти Украина во него виде млад, амбициозен, елоквентен и убав човек кој го кажуваше она што најсиромашниот народ во Европа сакаше да го слушне.

Претседателската кампањата траеше три месеци, но тоа беше доволно за Зеленски да победи на изборите во 2019. Тој вети дека на власт ќе остане само еден мандат и дека ќе го врати Крим. Сепак, негов најголем неуспех е што во меѓувреме не успеа да ги заведе западните лидери, па затоа Украина не доби помош од НАТО во војната со Русија.

ALEXANDR GUSEW/Review News
Scroll to Top