Видеото на кое рускиот претседател Владимир Путин запеа во Русија пред голем број холивудски актери стана уште повирално на интернет, по воената интервенција во Украина.
Видеото е од 2010 година, а во на него се гледа како Путин пее на англиски, а во публиката му ракоплескаат Моника Белучи, Шерон Стоун, Кевин Костнер, Курт Расел, Голди Хоун и Жерар Депардје.
„Баш е симпатичен на таа снимка. Се прашувам што се случило во меѓувреме што станал ваков каков што е сега“, прашаа голем број од фановите.
Путин на видеото ја пееше Blubbery Hill, а видеото е направено за време на една добротворна забава во Санкт Петерсбург. Тоа е објавено во 2012 година и сега има речиси 1,5 милиони лајкови.
За потсетување, Путин секој ден се споменува во светските медиуми откако ја почна војната во Украина. Се зборува сè и сешто за него. Од приватниот живот, вонбрачните деца, љубовниците, па сè до идните потези кои би можел да ги повлече и употребата на нуклеарно оружје.