Мила Кунис искрено по посетата во Украина, срцето ми се кине, Русите не ни се непријатели

Глумицата Мила Кунис синоќа во емисијата Conversations above the noise со Марија Шрајвер зборуваше за ситуацијата во Украина, нејзината родна земја, за своите чувства, но ѝ порача дека без разлика на сѐ, рускиот народ не треба да се смета за непријател.

Со сопругот Ештон Кучер неодамна покренаа и кампања за собирање на средства и поддршка за народот во Украина каде таа е родена. Тие досега собрале преку 20 милиони долари за помалку од седум дена.

Во разговорот таа откри што мисли за војната во Украина, објаснувајќи дека иако се идентификува како горда Американка, не може да не се чувствува погодена од настаните во Киев и целата земја од каде се преселила како дете.

„Целиот живот себе си се сметав исклучиво за Американка и тогаш се случи ова. Имајте на ум, имаме пријатели во Украина. Еш и јас отидовме и се сретнавме со претседателот Володимир Зеленски, непосредно пред пандемијата. Бев таму, но себе си се сметам за Американка“, рече Мила.

„Ова што сега се случува, не можам да го објаснам, не можам да кажам што не снајде. Оддеднаш имав чувство како срцето да ми се раскина. Тоа беше чудно чувство“, додаде глумицата и потенцираше дека Русите не смеат да се третираат како непријатели.

„Не мислам дека Русите ни се непријатели. Навистина сакам тоа да го нагласам. Не мислам дека за тоа доволно се зборува во медиумтие“, рече таа објаснувајќи дека во јавноста постои мислењето дека ако не сте со нас, тогаш сте против нас.

„Не мислам дека тоа што се случува таму го прави рускиот народ. Не сакам да постои такво мислење. Не сакам луѓето да мислат дека сите Руси се ужасни човечки суштества“, појасни Мила и додаде дека луѓето треа да почнат да гледаат од перспективата дека луѓето на власт се тие кои се одговори, а не самиот народ во Русија.

Извор/b92.net/24sata.hr

 

 

 

Scroll to Top