Медитирам и вежбам, Брена ја откри тајната за младешкиот изглед

Пејачата Лепа Брена во едно од нејзините неодамнешни интервјуа ја откри тајната за нејзиниот младешки изглед. Таа рече дека постојано медитира и вежба и дека секогаш внимава да не му нашети на нејзиниот глас.

„Најважно е човекот да не го запостави телото. Треба да биде во движење секој ден. Ние пејачите мораме да внимаваме и на гласот и да го негуваме. Не пушам за да не ги уништам гласните жици. Понекогаш со пријателите сакам да наздравам со чаша вино. И тоа е сè“, рече Брена за Informer.

Пејачката откри кои се нејзините ритуали и како ја одржува витката линија.

„Секој ден пијам многу вода, медитирам и вежбам. Ако можам јас на 61 година да бидам активна, тогаш можат сите. Кога патувам секогаш се трудам да најдам време да отидам на плажа или да пливам во базен“, рече Брена.

Scroll to Top