Алек Болдвин го обвини сопругот на снимателката Халина Хачинс, Мет, дека намерно поднел тужба против него за убиство од небрежнсот, затоа што сакал само да извлече пари.
Болдвин рече дека во моментотв против него и продуцентите пристигнуваат голем број тужби, но, не за да се утврди вистинската одговорност за несреќата, туку само за да се извлечат пари.
„Ова е еден од ретките случаи во кој потфрли целиот систем. И покрај тоа ние сметаме дека некој мора да биде одговорен за последиците. Но, треба да знаете дека тоа не е Алек Бодлвин“, пишувало во барањето за арбитража која ја поднел адвокатот на глумецот, Лук Никад.
„Алек Болдвин е глумец. Тој на сетот не е задолжен за полнење на пиштолите, набавката, проверката на куршуми и безбедноста на снимањето, ниту пак за управувањето со реквизитите. Со сигурност можеме да кажеме дека ако некој е одговорен и за тоа треба законски да се казни, тој некој не е Алек Болдвин“, пишува во барањето.
„Болдвин никогаш не бил вплеткан во ниту еден случај на кршење на протоколите на снимањата. Тој само ги следел упатствата кога се случила трагедијата“, напишал Никад.
Мет пак од друга страна рече дека е апсурд да се ослободи од вина лицето кое пукало со пиштолот со кој била убиена неговата сопруга Халина.
„Бев толку гневен кога го гледав како зборува за нејзината смрт така јавно и детално, а без притоа да прифати никаква одговорност иако тој е човекот кој ја уби“, рече Мет во едно од неговите интервјуа.
По несреќата папараците ги снимија заедно како Болдвин го прегрнува Мет давајќи му сочувство. Но, од тогаш работите се сменија, пишуваат медиумите. Двајцата разговарале многупати за спогодба, но досега не бил постигнат никаков договор.
„Тој само сака да избегне одговорност. За тоа сведочи и фактот дека поднесе арбитража за да се заштити од остатокот на продукциската компанија која стои зад филмот. Блодвин тврди дека постапките на Хачинс и тужбите против него се само за да биде спречено снимањето. Па тоа е срамота“, рече адвокатот на Мет Хачинс.
За потсетување, Алек Болдвин минатата година со пиштол реквизит ја застрела и усмрти снимателката Халина Хачинс за време на снимањето на филмот „Рѓа“ во Ново Мексико. Во инцидентот застрелан беше и режисерот Џоел Соуза.