Сопругата на канадскиот пејач Џастин Бибер, Хејли минатата недела била итно хоспитализирана поради мозочен удар кој го добила како резултат на згрутчување на крвта во мозокот.
Ова го потврди и Хејли која рече дека проблемите ѝ се јавиле додека пешачела. Лекарите ѝ кажале дека добила симптоми типични за постари луѓе.
„Ми открија дека сум имала мало згрутчување во мозокот и дека ми бил намален доводот на кислород. За среќа телото брзо ми се опорави и од тогаш сум дома. Тоа беше најстрашниот момент во мојот живот, и сакам да им се заблагодарам на сите кои ми помогнаа“, рече Хејли.
За потсетување, претходно, извори блиски до неа рекоа дека проблемите биле поврзани со коронавирусот. Тие потсетија и дека неодамна и Џастин Бибер морал да го откаже концертот во Лас Вегас поради корона, но и дека пејачот брзо се опоравил од болеста.