Пијанистот Лук Затравкин, син на познатиот руски сликар Никас Сафронов, вчера протестираше, но не поради војната туку поради затворањето на Мекдоналд во Русија. Тој рече дека одговорни за затворањето на ресторанот ја смета руската администрација.
Лук се заврза со лисиците за вратата од еден од рестораните на плоштадот Пушкин во Москва. Мекдоналдс синоќа на полноќ ги затвори вратите на сите ресторани во Русија. 847 реостарни нема да работат, а од компанијата најавија дека на сите 62.000 вработени ќе им бидат исплатени платите. Со работа ќе продолжи непрофитната организација Ronald McDonald House Charities.
This is how the last day of work of one of the #Moscow McDonald’s looks like pic.twitter.com/wVw4ItbCIF
— NEXTA (@nexta_tv) March 13, 2022
Во пресрет на затоврањето Русите побрзаа да изедат уште еден последен оброк, па низ рестораните настанаа големи гужви. Откако од компанијата најавија дека ја напуштаат Русија, Русите почнаа преку интернет да ги продаваат своите јадења и додатоци.
На руската страница за онлајн продажба Avito.ru, можат да се најдат голем број на производи од Мекдоналдс, од целото мени па сè до сосевите, па дури и шеќерот. „Продавам ретка амбалажа за доручек од Мекдоналдс за 5000 рубљи. Неверојатното пакување ќе ви ги стопли спомените од убавите денови“, напишал еден од огласувачите.
За потсетување, Русите продолжуваат да протестираат против инвазијата на Владимир Путин врз Украина. Само вчера биле уапсени 776 лица во 37 градови.