Токан го загубивме, но моравме да продолжиме со музиката: Амадеус бенд“ вечер ќе има концерт во Скопје

Популарниот музички состав „Амадеус бенд“ вечерва во ресторан Дион ќе имаат концерт. На денешната промоција тие ветија одлична журка и забава. Публиката ќе се забавува со нивните добро познати хитови на Џаја и неговиот бенд во чиј состав има двајца нови членови.

„Секогаш кога сме во Македонија имаме најдобра публика дефинитивно од сите поранешни Југословенски републики. Ова го зборувам од срце. Имате одлична музика, прекрасни луѓе, убави жени, убаво вино, убава ракија, храна, а ние најмногу сакаме даска“, рекоа од „Амадеус“ за „Репортер“.

 

Тие ја промовираа и новата песна „Белград“ како и кусиот документарец во сеќавање на нивниот трагично починат член, тапанарот Бојан Златановиќ – Токан. „Белград“ беше нивната последна песна која ја свиреа заедно. За потсетување, Токан пред две години го загуби животот од корона.

„Токан го загубивме на 24 ноември, а ние веќе следната година во февруари ја имавме првата проба. Не можевме да свириме долго време. Ни беше тешко особено на првите проби. Него го загубивме како бубњар, а потоа од бендот си замина и гитаристот, па сега имаме двајца нови членови. Но, бевме одлучни дека мораме да продолжиме со нашата музика не само заради нас, туку и заради публиката. Едноставно животот мора да продолжи“, рече Џаја.

Љубиша Владимиров

 

 

Scroll to Top