Мини диетата на Синди Крафорд е идеална за жени над 40 години: За седум дена до 5 килограми помалку

Синди Крафорд со години практикува мини-диета кога сака да ги изгуби вишокот килограми. Иако наскоро ќе наполни 56 години, со својот изглед може да засени половина од помладите жени.

Познатата манекенка во една прилика откри како се ослободува од несаканите сантиметри и непотребните килограми.  Висока е 177 см и постојано одржува килажа од 58 килограми.

Со мини-диетата нема гладување и главно се 5-6 оброци во пали порции (ручек и вечера плус две ужинки кои не смеете да ги пропуштите). Во спротивно, метаболизмот се забавува и телото почнува да складира масти. Второто правило е дека целата исхрана мора да биде избалансирана: 30% протеини, 40% јаглени хидрати и 30% масти.

Појадок: пржени јајца, парче тврдо сирење (30 гр.) и парче ‘ржан леб

Ужина: зелено јаболко, грозје или овошна салата (150 гр.)

Ручек: риба или пилешко (150 гр.) со замрзнат зеленчук, мало парче ‘ржан леб

Ужина: портокал или 30 грама сирење

Вечера: варено говедско месо (150 гр.), салата од зеленчук (100 гр.) со лажица маслиново масло, четвртина чаша варен грав

Пред спиење: чаша јогурт или кефир со малку маснотии

Но, како и сите нас, Синди секогаш кога јаде хамбургер, почнува напорно да тренира и дата применува посебна диета две недели. Во овој период таа ги губи вишокот килограми (за една недела можете да изгубите и до 5 кг).

Главното јадење на оваа диета е нискокалорична супа направена од зелка. Можете и треба да го консумирате ова јадење 5 пати на ден.

Супата се подготвува од вода со додавање на моркови, домати, пиперки, целер, боранија, зелен лук и јаглика. Магдоносот го нормализира варењето и е добар диуретик. Супата не треба да содржи компири или друг зеленчук кој е богат со јаглехидрати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Освен супа, можете да јадете и свежо овошје и зеленчук, млеко (еднаш неделно, не повеќе од 250 мл), јогурт (еднаш неделно, не повеќе од 150 мл), кафеав ориз.

Можете исто така да јадете месо (пилешко или мисиркино не повеќе од 150 гр) или риба (200 гр), варено за пареа. Пијте чиста вода без ограничувања. Дозволени се и зелен чај и црно свежо сварено кафе без шеќер и млеко (максимум две шолји дневно).

За време на диетата, забранета е конзервирана храна, леб и производи од брашно, чоколадо, слатки, газирани и алкохолни пијалоци.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Понеделник: супа, свеж зеленчук (неограничено) и диетален јогурт.

Вторник: супа, свежо овошје (без ограничувања) и јогурт без маснотии.

Среда: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).

Четврток: супа и варено пилешко.

Петок: супа, варено говедско или телешко месо.

Сабота: супа, свеж зеленчук (без ограничувања) и јогурт со малку маснотии.

Недела: супа, свеж зеленчук и овошје (без ограничувања).

Scroll to Top