Тоа што се случува во Украина е холивудска продукција, руски водител му одговори на Арнолд Шварценегер откако глумецот побара прекин на војната

Водителот на руската државната телевизија, Вадим Гигин, му одговори на Арнолд Шварценегер неколку дена откако актерот го замоли рускиот народ да ја каже вистината за војната на Путин во Украина. Шварценегер го сподели видеото со своите 22,2 милиони фанови и испрати порака до Путин да ја запре војната што е можно побргу.

Сега Гигин во емисијата „Недела навечер со Владимир Соловјов“, му одговори на Арнолд.

„Ова е чиста холивудска продукција. На насловната страница има лице кое е преполно со американски империјализам и колонијализам. Како тој од Калифорнија, може да знае и да зборува за нас кои живееме тука?“, рече Гигин.

Рускиот водител Соловјов исто така негодуваше поради фактот што Шварценегер двапати го посетил Ирак каде што исто така се водеше војна, но никогаш не зборувал за тоа.

 

Scroll to Top