Принцот Ернст Август од Хановер бил исфлрени од луксузен хотел во Мадрид на улица, пренесе ViralTab.News. Тој веќе некое време живее во Шпанија, а медиумите пренесоа и за неговите проблеми кои ги имал со алкохолот во минатото.
Тој бил исфрлен откако претходно неколку пати влегол во конфликт и им направил инциденти на персоналот. Август веќе некое време е преселен во Шпанија каде што живее неговиот син Кристијан со сопругата Александра де Осмон и нивните две деца.
Минатото лето Ернст морал и да посети клиника за одвикнување од алкохолот, а во ноември австрискиот суд го осуди и на десет месеци затвор со условна казна, но и забрана за влез во земјата во период од три години.
За потсетување, принцот Ернст е во брак со принцезата Каролина од Монако, а неодамна бил фатен како ужива во прошетка и ресторан со Клаудија Стилианопулос за кои медиумите пренесоа дека бил во вонбрачна врска.