Принцот Ернс Август бил исфрлен од хотел во Мадрид

Принцот Ернст Август од Хановер бил исфлрени од луксузен хотел во Мадрид на улица, пренесе ViralTab.News. Тој веќе некое време живее во Шпанија, а медиумите пренесоа и за неговите проблеми кои ги имал со алкохолот во минатото.

Тој бил исфрлен откако претходно неколку пати влегол во конфликт и им направил инциденти на персоналот. Август веќе некое време е преселен во Шпанија каде што живее неговиот син Кристијан со сопругата Александра де Осмон и нивните две деца.

Минатото лето Ернст морал и да посети клиника за одвикнување од алкохолот, а во ноември австрискиот суд го осуди и на десет месеци затвор со условна казна, но и забрана за влез во земјата во период од три години.

За потсетување, принцот Ернст е во брак со принцезата Каролина од Монако, а неодамна бил фатен како ужива во прошетка и ресторан со Клаудија Стилианопулос за кои медиумите пренесоа дека бил во вонбрачна врска.

Scroll to Top