На селекторот на Алжир Џамел Белмади му се слоши на теренот откако неговите фудбалери примија гол во 124 минута и испаднаа од Светско. Камерун го исфрли Алжир и се пласираше на Мундијалот откако играа 90 минути и дополнителни две продолженија.
Тренерот на Камерун Рогоберто Сонга и неговите фудбалери долго ја славеа победата на теренот во Блиди. За разлика од него, на спротивната страна најтешко му беше на Белмади кој од што беше толку разочаран, на крајот му се слоши.
Тој падна на земјата и плачеше во очај. Поради стресот покрај него беа и членовите од медицинскиот тим кои внимаваа да не му се влоши состојбата.
Поразот беше уште потежок затоа што тие славеда на првиот натпревар со 1:0. Во вториот меч кој го играа на домашен терен примија гол уште во 14 минута. Во меѓувреме медиумите објавија дека тој ја понудил оставката од местото селектор.
This is Algerian coach Djamel Belmadi. And this is what the World Cup means.
Cameroonian players dancing and singing a few dozen feet away.
Heartbreaking for Algeria. pic.twitter.com/WopgnGU3cI
— Henry Bushnell (@HenryBushnell) March 29, 2022