Нема пари за истакнати активисти на СДСМ, велат од Град Скопје по објавата на Арнаудова за летниот камп за деца

По објавта на поп-пејачката Кристина Арнаудова дека градоначалничката на Скопје Данла Арсовска и Град Скопје не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик, Шарено лето кој се одржува од 2017 година,  советникот за односи со јавноста на Град Скопје, Даниел Апостолоски се обрати на  денешната прес-конференција.

Изминатите денови, вели Апостолоски, биле сведоци на неосновани напади и лични навреди со обиди за политизација во однос на Проектот на Здружението на Кристина Арнаудова и нејзиниот сопруг .

                                     Даниел Апостолоски,  советник за односи со јавноста на Град Скопје

 

“ Ако било пракса порано да се даваат средства на политички подобни организации чии основачи се политички фигури кои на овој начин со буџетски средства се самопромовирале, таа пракса престанува со новиот мандат, рече Апостолоски. И доадде дека  СДСМ давале парите на граѓаните на проекти на партиски подобни организации, кои голем дел од средствата ги трошеле на хонорари.

“Нема да се дозволи СДСМ да врши притисок и хајка со цел парите на граѓаните да се доделуваат на нивни истакнати активисти“, рече тој.

Данела ја налути Арнаудова: Градоначалничката нема сенс за хуманост, па не го поддржа летниот камп за деца од социјален ризик

 

 

Scroll to Top