Почина глумецот од „Сопранови“, Пол Херман

Ирскиот глумец Пол Херман познат по улогата на „Сопранови“, почина на 76 години. Тој починал на 29 март на денот на својот роденден. Веста ја потврди неговиот пријател Мајкл Империоли, но засега причините не се познати, пишуваат медиумите.

„Нашиот драг пријател и колега, Пол Херман почина. Пол беше навистина прекрасен човек“.

Херман беше познат по улогата на Бил Бенси во култните „Сопранови“ и дел од многу филмски проекти. Актерот беше признаен како еден од најдобрите раскажувачи и актери од многу филмски проекти, меѓу кои и „Goodfellas“, „Тhe Irishman“ и „Once upon a time in America“

 

Scroll to Top