Познатиот тиктокер Франческо Лопрести почина на 24 години. Тажната вест ја сподели неговата девојка Каитлнин Реган која рече дека починал по долгата и тешка битка со ракот. Лопрести долго време водеше борба со рак на тестисите кој му беше дијагностициран кога имаше 17 години.
„Многу ми беше тешко додека го снимам видеово. Помина недела дена откако го нема, затоа и се немаше јавено. Заслужувате да знаете дека многу ве сакаше и дека го ценеше сето она што ви го правевте за него. Што ги гледавте нашите видеа и ни бевте поддршка. Фала ви“, рече Реган.
Каитлин ја следат 3,1 милион фанови, а видеото кое го објави беше видено од 3,9 милиони луѓе.
„Франческо те сакам безусловно, се чувствувам скршено. Знам дека сакаш сите да знаат колку нивната љубов и поддршка ти го исплнуваа животот. Фала ти за вистинската љубовна приказна“, рече Каитлин.
Франческо често објавуваше пораки полни со позитивни мисли и оптимизам, а кои се однесуваа на неговата борба со ракот. Тој почна и со производство на капи кои ги носеше поради хемотерапијата.
View this post on Instagram