Пејачката Мајли Сајрус го откажа настапот на доделувањето на Греми наградите поради корона. Дека е позитивна на ковид таа ојбави на социјалните мрежи.
„Кога патувате низ светот и настапувате пред стотина илјади луѓе, шансите да добиете корона се прилично големи. Сега сум позитивна, но, дефинитивно се исплатеше“, рече Сајрус.
„За жал поради короната ќе го пропуштам Janie’s Fund. Ова добротворна организација е многу важна за мене и мојот пријател Стивен Тејлор“, додаде таа и им порача на фановите да не се грижат за неа затоа што била добро.
Тејлор добротворната фондација ја основал во 2015 година за да им помогне на жените кои биле сексуално злоставувани. Секоја година тој ги собира пријателите и оние кои не се рамнодушни кон темата насилство за да договори аукција и да собере пари за несреќните жени.
За потсетување, Мајли минатиот месец долета во Асунсион во Парагвај заедно со своето семејство, тимот и бендот, за да настапи на последниот концерт од нејзината јужноамериканска турнеја. Авионот го зафати бура и беа принудени да слетаат.
Мајли рече дека сите патници и членови на екипажот сега се безбедни.
„За сите мои обожаватели и оние загрижени кои слушнаа што се случи на летот за Асунсион. Нашиот авион го погоди неочекувано невреме. Бевме погодени од гром во воздух. Мојата екипа, бендот, пријателите и семејството кои патуваа со мене сега се безбедни по принудното слетување. За жал, не успеавме да стигнеме до Парагвај. Ве сакам“, рече Мајли.
View this post on Instagram