Глумицата Естел Харис позната по улогата во серијата „Сајнфилд“ почина на 93 години. Таа почина во саботата, а тажната вест ја потврди нејзиното семејство.
„Со најголемо жалење и тага ги известуваме сите дека Естел Харис почина. Нејзината добрина, страст, сочувствителност, хумор, емпатија и љубов беа практично неспоредливи и ужасно ќе ни недостига на сите кои ја познававме“, рече нејзиниот син Глен за Forbes.
View this post on Instagram
Естел последните денови ги поминала во Палм Десерт во Калифорнија, а починала од природна смрт. Таа во сеирјата во „Сајнфилд“ ја имаше улогата на Естел Костанца. Го позајми и гласот во компјутерскиот-анимиран филм „Приказна за играчките“.
Милиони ја слушаа како госпоѓа Крумпирослава, а беше позната и по улогите во филмовите This is my life (1992) Out to Sea (1997) и The Odd Couple II (1998).
За потсетување, Харис се бореше со ракот во 2013 година, но успеа да го победи. Сепак тоа подоцна влијаеше на нејзиниот живот. Таа беше во брак со својот покоен сопруг Су Харисон од 1953 година. Нејзиниот сопруг почина во 2021 година, а заедно имаа три деца Ерика, Глен и Тарин.
View this post on Instagram