Германец од љубомора оштетил 260 скапи автомобили

Дваесет и осумгодишен Германец е уапсен во германскиот град Карлсруе откако признал дека изгребал или на друг начин оштети околу 260 автомобили за само неколку дена. Направил штета поголема од 500.000 евра.

Момчето се предало на полицијата признавајќи дека сторило штета, а причина за тоа е љубомората. Германецот објаснил дека бил љубоморен на сопствениците кои возеле скапи автомобили и дека имал „лични проблеми“.

Оштетени се скапи автомобили кои биле паркирани во центарот на градот, пред седиштето на највисокиот германски казнен и уставен суд.

Осомничениот веќе од претходно бил казнено евидентиран и пуштен од затвор во 2021 година, соопшти полицијата.

Scroll to Top