Глумецот Метју Пери има нова девојка која многу личи на неговата бивша, Моли Харвиц. Ѕвездата од „Пријатели“ бил виден за време на една забава во Пацифик Палисади, а друштво му правеше мистериозна бринета. Двајцата стоеја во дворот и јадеа хамбургери од „Мекдоналд“.
Пери беше облечен лежерно, имаше тренерка, маица, карирана кошула и бели патики. Фановите забележаа дека пуштил и некое кило од неговото последно појавување на телевизија, кога се собра старата екипа од „Пријатели“.