Метју Пери има нова девојка, која многу личи на бившата

Глумецот Метју Пери има нова девојка која многу личи на неговата бивша, Моли Харвиц. Ѕвездата од „Пријатели“ бил виден за време на една забава во Пацифик Палисади, а друштво му правеше мистериозна бринета. Двајцата стоеја во дворот и јадеа хамбургери од „Мекдоналд“.

Пери беше облечен лежерно, имаше тренерка, маица, карирана кошула и бели патики. Фановите забележаа дека пуштил и некое кило од неговото последно појавување на телевизија, кога се собра старата екипа од „Пријатели“.

Ова е првпат Пери да биде виден во женско друштво, откако ја прекинаа свршувачката со Моли во 2021 година.

„Понекогаш работите едноставно не функционираат, а ова е еден од тие случаи. На Моли ѝ посакувам сè најдобро“, рече Пери тогаш. За потсетување, Пери и Моли беа заедно до 2018 година, а се свршија во 2020.

Scroll to Top