Синот на Кристијано Роналдо, Јуниор даде гол за Манчестер Јунајтед и го прослави на ист начин како татко му. Тој играше за англискиот тим до 12 години даде на турнир во Шпанија. Роналдо Видеото за кратко време стана хит на социјалните мрежи. Манчестер го доби мечот со 5:0.
„Ќе видиме дали ќе стане одличен фудбалер. Сега покажува дека има потенцијал, брз е и добро дрибла. Но, тоа не мора да значи ништо. Постојано му зборувам дека напорната работа и посветеноста е единствениот пат до успехот. Не планирам да го притискам, иако би сакал да стане фудбалер. Сепак, најважно е да биде најдобар во она што го работи, било да е фудбалер, лекар или нешто друго“, рече Роналдо.
За разлика од неговиот син, Роналдо е во лоша форма. Неговиот тим игра лошо и пласманот во Европа им е под знак прашалник, а се чека и одлуката за новиот тренер. Се е позивесно дека тоа ќе биде Ерик Тен Хаг од Ајакс. Роналдо е под притисок и поради скандалот кој го направи кога му го скрши телефонот на едно аутистично дете.
Cristiano Ronaldo Jr. scores for #mufc U12s against EF Gironès Sabat
Of course he pulled out his dad’s iconic celebration 🔥 pic.twitter.com/YxfPZtc9Vb
— utdreport Academy (@utdreportAcad) April 13, 2022