Посвоила дете за години подоцна дозне дека е биолошки син на нејзиниот сопруг кој ја изневерил

Приказната за жената која со сопругот посвоила дете, а потоа години подоцна ја открила вистината за него, брзо се рашири на интернет. Станува збор за анонимна жена која својата необична исповед ја споделила на форумот „Редит“.

Таа е мајка на пет деца и рече дека отсекогаш сакала да има големо семејство, но поради здравствени проблеми не можела да остане бремена по четвртото дете. Таа имала три ќерки и еден син, но не сакала да запре тука.

Со нејзиниот сопруг Дејв размислувале и да посвојат едно. Затоа што во тој момент поради работата не бил дома и бил на далечен пат, идејата била да разговараат за тоа кога ќе се врати дома. Тој брзо потоа и предложил да посвојат дете од друга земја.

Жената ја прифатила неговата идеја, а Дејв ги подготвил сите документи. Набрзо потоа во нивниот дом стигнало бебе, на кого му го дале името Кејлен.

„Го обожавам. Како растеше ми стануваше сè подраг. Сега има седум години. Многумина во фамилијата и пријателите ми зборуваа дека личи на нашите други деца и дека никогаш не би погодиле дека е посвоен. Јас пак секогаш се шегувам дека е биолошки наш“, рече жената.

Сепак еден ден додека ги средувала документите, таа забележала нешто чудно во документите за посвојување. Одлучила да направи ДНК тест. Се испоставило дека Кејлен е биолошки син на нејзиниот сопруг.

„Го сакам тоа дете со целото мое срце. Тоа што дознав дека сопругот ме изневерил, а потоа детете го донесе во нашиот дом како некое друго дете кое го посвоивме ми предизвикува мачнина. Дејв ме молеше за прошка и ми зборуваше дека жената со која ме изневерил не го сакала, па затоа успеал да го посвои. Јас ќе останам да бидам дел од животот на Кејлен, затоа што јас сум негова мајка, но не можам да поднесам да го гледам Дејв знаејќи дека ме изневерил и лажел. Затоа и поднесов барање за развод“, рече жената.

Нејзината дилема е како сега тоа да му го каже на синот, а рече и дека некои од членовите во семејството ја обвинија дека била себична затоа што побарала развод.

Сепак повеќето од луѓето кои коментирале на форумот ја поддржале велејќи ѝ дека ја направила вистинската работа.

„Ова не е обична лага, тоа е измама голема колку Монт Еверест. Нема шанси тоа да е единствениот пат да те измамил. Тоа е можеби најголемата и најлоша лага, но секако не е прва. Твојот сопруг ги прекршил брачните завети на многу начини. Таквото однесување е непростливо “, и напишаа некои од нив.

 

Scroll to Top