Најбогатиот Украинец, Ринат Ахметов вети дека ќе го обнови Мариупол

Најбогатиот човек вУкраина, Ринат Ахметов, вети дека ќе помогне да се обнови уништениот град Мариупол, кој од почетокот на руската инвазија е изложен на бомбардирања од руската војска.

Според „Форбс“, неговото богатство е проценето на 15,4 милијарди долари во 2013, а денес изнесувало 3,9 милијарди. Тој е сопственик на челичарниците „Илич“ и „Азовстал“, кои потпаѓаат под неговата компанија „Метинвест“ и се едни од последните упоришта на украинските борци.

Тој рече дека повторно неговите компании и фабриќи ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар.

„Убеден сум дека нашите храбри војници ќе го одбранат градот, иако знам во колку тешка ситуација се наоѓаат. Мариупол е светска трагедија и глобален пример за херојство. За мене, Мариупол секогаш бил и ќе остане украински град“, рече Ахметов.

Од неговата компанија исто така соопштија дека никогаш нема да работат под руска окупација и дека поради опсадата на градот било сопрено повеќе од една третина од металуршкото производство во Украина.

„Кога ќе заврши војната, ќе ја обновиме целата Украина. Мојата амбиција е да се вратам во украинскиот Мариупол и да спроведам нови производствени планови“, рече Ахметов, и додаде дека е во земјата уште од 23 февруари.

Scroll to Top