Мантил или тренч е нешто што оваа преодна сезона е вистински хит кај сите модни инфлуенсерки, една од нив е и германската модната инфлуенсерка Гита Банко, која со својот стил на облекување докажува дека без причина не ја нарекуваат кралица на уличниот стил. Банко, некогашна манекенка, се фокусира на минимализмот, со што на секој свој стајлинг му дава личен шмек и автенична нота.
View this post on Instagram
Модните комбинации на модната инфлуенсерка модните критичари ги оценуваат како возбудливи, модерни и привлечни. Последното нејзиното издание ги воодушеви сите нејзини следачи, а воедно таа го наметна и модното парче без кое не може да се замисли овој преоден период – капут или тренч.
View this post on Instagram
Добро палто е повеќе од половина работа, велат модните експерти, а оваа инфлуенсерка тоа го докажа со своите фотографии. Кога ќе облечете добро и квалитетно палто преку фармерки или дури и наједноставни тренирки и маици, а во исто време комбинирате стилски патики – имате добитна комбинација за пролетните денови.
View this post on Instagram
View this post on Instagram